logo

Како работи истражувањето за плати MojaPlata.mk?

Методологија на истражувањето за плати MojaPlata.mk

MojaPlata.mk е веб страница која овозможува споредба на платите за преку 530 работни позиции. Листата на професии е прилагодена на пазарот на труд во Република Македонија и истата постојано се ажурира.

Ова истражување за платите е создадено во 2007 година под името Merces.sk. Авторот на методологијата за стекнување, собирање и обработка на податоци во истражувањето и нивна евалуација е компанијата Вработување ОНЛИНЕ ДОО. Истиот метод за собирање на податоци преку слични портали беше лансиран во Република Чешка (Platy.cz), Република Унгарија (Fizetesek.hu) и Република Хрватска (MojaPlaca.hr), како и во уште 13 други земји, вклучувајќи го и меѓународниот портал Paylab.com.

Целна група на порталот се луѓето на пазарот на трудот кои сакаат да ги споредат своите плати и компаниите кои се грижат за фер плати на своите вработени.

1. Влезни податоци

Учесниците на пазарот на труд имаат можност да добијат споредба на нивната плата со другите вработени на иста позиција и во истиот регион. Секој корисник кој ќе го пополни полето за работно искуство на избраната позиција и чии податоци ќе го поминат процесот на прочистување на податоци (отстранување на дупликати и екстремни вредности) станува валиден учесник во истражувањето и ќе добие бесплатна споредба на својата плата со референтниот примерок. Примерокот е составен од други испитаници во рамките на избраната позиција и регион.

Податоците на секој испитаник важат една година. Сите податоци во прашалникот за плата се анонимни, освен ако учесникот, по своја волја, ја остави својата e-mail адреса за да добие анализа за својата плата во иднина. Собирањето и обработката на податоците целосно ја почитува GDPR регулативата за обработка на лични податоци.

Истражувањето за плати во Македонија собира податоци за месечната нето плата на испитаниците со полно работно време. Истражувањето не вклучува податоци за надоместокот на трговци поединци или за други форми на вработување.

2. Излезни податоци

Пред да се направат вистинските пресметки, примерокот на податоците е "прочистен". Најпрво, сите грешки се филтрираат, а такви се, на пример, негативните броеви или екстремните вредности како на пример плата од 1000 денари месечно или 10 милиони денари месечно. Вториот чекор во прочистувањето на базата на податоци е откривање на двојни прашалници и детерминирање на екстреми. Екстремите се определуваат одделно за секоја позиција со запазување на регионот. Методот за откривање на екстремни вредности се базира на проценка на теоретската распределба на платите за конкретната позицијата според регионот.

3. Регресивен модел

Истражувањето за платите ги пресметува вкупните и основните плати со помош на квантилна регресија. Таа ги зема предвид односите помеѓу позициите, регионите, големината на компаниите, образованието, искуството на позицијата и возраста. Овој докажан метод овозможува да се процени износот на платата дури и со мал број на испитаници во примерокот.

Резултатите од регресивниот модел обезбедуваат податоци според големината на компанијата:


  • мала компанија (до 50 вработени)
  • средна компанија (51 - 249 вработени)
  • голема компанија (над 250 вработени)


Кога станува збор за образование, регресивниот модел разликува:


  • основно образование
  • средно образование
  • високо образование


Работното искуство на позицијата се дели на три нивоа:


  • помалку од 2 години
  • 3 до 5 години
  • над 6 години


4. Во кои случаеви е невозможно да се прикажат резултатите

И покрај примената на регресивниот модел, понекогаш нема да биде возможно да се прикажат податоци за платата за одредено работно место. Ова се случува во ситуации каде што има премалку испитаниции и регресивниот модел не може да го процени износот на платата.

Кога се споредуваат платите во такви случаеви, на корисникот му се нуди документ со совети и насоки за прегоравање за платата. Во случаеви кога е можно да се процени платата, корисникот има можност да побара автоматско добивање на споредби за плата преку внесување на неговата e-mail адреса на која ќе биде испратен линк за споредба на платата.

5. Излезни резултати за луѓе

Oсновната информација во истражувањето за плати MojaPlata е просечната плата на работното место. По пополнување на прашалникот за споредување на платите, корисникот добива бесплатна споредба на плата - без разлика дали се работи за очекуваната или реалната плата. Излезните резултати се прикажуваат директно на веб страницата.

Секој посетител има опција да купи детална платена верзија за излезни резултати т.е Професионален извештај којшто овозможува детална споредба на платите врз основа на медијана и квартили. Покрај ова, овој излезен резултат овозможува и преглед на платите во согласност со работното искуство и степенот на образование и преглед на нефинансиските бенефиции на одредено работно место во однос на регионот. Информациите за нефинансиските надоместоци ќе бидат прикажани од најмалку 10 испитаници во изминатите 12 месеци на избраниот примерок.

Дел од платената верзија за излезните резултати за луѓето, исто така, обезбедува совети и упатства како да се преговара за плата, изработка на SWOT анализа на вработените итн. Целокупниот Професионален извештај содржи повеќе од 20 страници и е соодветен за оние кои се подготвуваат за интервју за работа или средба со претпоставен со кој ќе се преговара за висината на платата.

Корисниците можат да купат извештај преку кредитна картичка.

Купената анализа се испраќа на e-mail адресата на посетителот од каде што е направена нарачката.

6. Излезни резултати за компании

Корпоративните клиенти имаат можност да нарачаат Професионалнен извештај за плата со едноставно пополнување на потребните податоци за онлајн нарачка. Професионалниот извештај го зема предвид не само работното место и регионот, туку и барањата за работно искуство и големината на компанијата. Професионалниот извештај дава резиме и основен преглед на системот за наградување на избраното работно место, во однос на другите избрани параметри. Добиените резултати ја покажуваат основната и вкупната плата, а покрај просечната вредност можно е да се види и распределбата на платите изразена во основни перцентили:

1.децил - 10 % од вработените заработуваат помалку од дадената вредност
1.квартил - 25% од вработените заработуваат помалку од дадената вредност
медијана - половина од вработените заработуваат помалку/повеќе од дадената вредност
3.квартил - 25% од вработените заработуваат повеќе од дадената вредност
9.децил - 10% од вработените заработуваат повеќе од дадената вредност

Ситуацијата на пазарот на трудот, исто така, може да се прикаже преку графикон на дистрибуција на испитаниците според платата. Оваа табела ќе покаже кој процент од вработените може да се најде во една од десетте платни рангови за избраниот примерок.

Професионалниот извештај исто така го содржи и основниот процент на вкупната плата според поединечни показатели:


  • според работно искуство
  • според образование
  • според регион
  • според големина на компанија
  • според возраст
  • и тоа секогаш во однос на останатите внесени критериуми.


Сите горенаведени податоци во Професионалниот извештај се добиени од регресивниот модел. Користејќи стандардни статистики врз основа на податоците на испитаниците, можеме да го пресметаме процентот на испитаници којшто располага со одредени нефинансиски бенефиции. Ова може да се прикаже ако во примерокот има најмалку 10 испитаници.

На ист начин може да се оцени кој дел од испитаниците добива одреден составен елемент (компонента) на плата: варијабилен дел од плата, регрес за годишен одмор, годишни бонуси, а може да се дознае и кој е средниот износ на овие составни делови од платата. Овие податоци може да бидат прикажани доколку примерокот се состои од минимум 5 испитаници, и во предвид го зема одбраното работно место, регионот, работното искуство, образованието и големината на компанијата.

Професионалниот извештај може да се купи онлајн преку фактура или кредитна картичка. Во тој случај, PDF со излезни податоци, заедно со извештајот се праќаат автоматски на e-mail адресата што е внесена во нарачката. Ако клиентот бара купување на релевантни извештаи од сметка, целиот процес на извоз на извештаи и испраќање на фактура може да потрае до два работни дена.

7. Онлајн алатка за компании

Корпоративните клиенти, исто така, имаат можност да купат и пристап до Алатката за плати со што ќе можат да добијат анализа за неограничен број позиции во времетраење од 12 месеци.

Со купување на оваа услуга, клиентот добива пристап до онлајн алатката во која може да ги пребарува податоците за плата користејќи два модули:

а) споредба на платите
б) утврдување на платите

Добиените резултати во двата модули се исти како во Професионалниот извештај. Меѓутоа, кога се споредуваат платите што ги препорачува системот, како да ги смените платите на поодделните вработени.

Добиените резултати може да се зачуваат за понатамошна работа со нив или може да се извезат во PDF формат.

За да купите пристап до онлајн алатката, ве молиме контактирајте не на следната адреса:


8. Прилагодена деловна анализа

Истражувањето за плати MojaPlata ви овозможува да извезувате податоци врз основа на различни критериуми, кои често се користат за потребите на медиумите. Собраните податоци и флексибилноста на системот им овозможуваат на бизнисите да добиваат различни анализи прилагодени за секоја компанија. За да добиете информации за таквата анализа, ве молиме контактирајте не на:

Високата видливост на сајтот MojaPlata и нашата методологија за прибирање на податоци, исто така, се користат во анализите за истражување на пазарот за различни теми со способност да се насочат кон одредени целни групи. Работодавците имаат можност да го гледаат својот бизнис преку очите на другите луѓе, со што добиваат вредни информации релевантни за стратешките одлуки за краток временски период. За да добиете повеќе информации, посетете го PayLab Data Research. 



Вработување ОНЛИНЕ ДОО

Споредете ја својата плата

Добијте бесплатна персонализирана споредба за вашата плата.

Споредете ја вашата плата