logo

Казни до 10.000 евра за работодавачите кои вршат мобинг на работно место

cover image

Дали знаете колкави се казните за работодавачите кои вршат или не превземаат мерки против вознемирување на работното место (мобинг)?

Со Законот за заштита од вознемирување на работно место, се уредуваат правата, обврските и одговорностите на работдавачите и вработените во врска со спречување на психичко и полово вознемирување на работното место и местото на работа, мерките и постапката за заштита од вознемирување на работно место како и другите прашања кои се однесуваат на спречување и заштита од вознемирување.

Глоба во износ од 400 до 2.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на микро и мал работодавач – правно лице, глоба во износ од 600 до 8.000 евра за среден работодавач – правно лице, глоба од 1.000 до 10.000 евра во денарска противвредност за голем работодавач – правно лице, ако:


  • Ако врши вознемирување на работно место и го злоупотребува правото на заштита од вознемирување на работно место;
  • Не ги превземе потребните превентивни и други мерки за заштита на вработениот од вознемирување на работно место;
  • Не го запознае вработениот пред стапување на работа и вработените кои се во работен однос со забраната за вршење на вознемирување на работно место, обврските и одговорностите во врска со вршење на вознемирување на работно место, начинот и можностите за заштита;
  • Не избере посредник кој ќе посредува помеѓу страните за заштита од вознемирување на работно место кај работодавач кај кој во работен однос има 50 или повеќе вработени;
  • Не постапи по препораките дадени од страна на посредникот;
  • Постапи спротивно на одредбите од Законот за заштита на учесниците во постапката за заштита од вознемирување на работно место;
  • Не го премести привремено вработениот во друга работна просторија или работна средина.


  1. Глоба во износ од 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршокот на одговорното лице во правното лице кај микро и мал работодавач, 750 евра во денарска противвредност кај среден работодавач и 1000 евра во денарска противвредност, кај голем работодавач.
  2. Глоба во износ од 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршокот на работодавач-физичко лице.
  3. Глоба во износ од 400 до 1000 евра во денарска противвредност, ќе му се изрече за прекршокот на службеното лице во правното лице.

За прекршоците, прекршочна постапка води и прекршочна санкција изрекува надлежен суд.

За прекршоците, надлежниот инспектор пред да поднесе барање за поведување на прекршочна постапка е должен на одговорното лице или од него овластено лице кај работодавач, да му понуди постапка за порамнување, со издавање на прекршочен платен налог, согласно со Законот за прекршоците.

Ако сторителот ја плати глобата, во рок од осум дена од денот на издавањето на прекршочниот платен налог, ќе плати половина од предвидената глоба, а до колку не ја плати во предвидениот рок, овластеното службено лице ќе поднесе барање за поведување на прекршочна постапка до надлежниот орган.

Работодавачот е должен вработените кои се во работен однос да ги запознае со забраната за вознемирување на работното место, обврските во врска со забраната за вознемирување на работното место, начинот на препознавање и можностите за заштита. Работодавачот е должен да состави листа на посредници. 


Споредете ја својата плата

Добијте бесплатна персонализирана споредба за вашата плата.

Споредете ја вашата плата