Ова е најдобриот град за живот за странци: Просечна плата е 4200 евра!
15.12.2022
Глобално, луѓето се согласни дека најдобар американски град за живеење и работа е Мајами, Флорида. За многумина, тој е можеби најдобриот град на светот
Официјално, оваа топ дестинација во Јужна Флорида го зазема 12-тото место на листата на 50 глобални градови кои се најдобри за доселениците од странство, според истражувањето на InterNations, спроведено на повеќе од 12,000 испитаници.
Инаку, InterNations е релевантна онлајн заедница на иселениците, со повеќе од 4,5 милиони глобални членови.
Зад Мајами не заостанува многу ниту Њујорк кој е на 16-то место. Инаки, ова се единствените градови во САД земени во предвид за ова рангирање, а тоа бара примерок од најмалку 50 учесници на анкетата кои живеат на дадената дестинација.
Истражувањето, спроведено во февруари 2022 година и објавено крајот на ноември оваа година, барало од иселениците, односно доселениците да го оценат своето задоволство во пет главни категории:
- квалитет на живот (здраво опкружување и добар јавен превоз
- леснотија за прилагодување (љубезноста кај локалните жители)
- лични финансии (пристап до здравствена заштита)
- „основи за странци“ кои го покривааат дигиталниот свет, јазичните бариери и работата со локалната управа и администрација.
Оние кои дошле во овој американски град со намера да работат, велат дека е многу лесно прилагодувањето на локалната култура, а и лесен е пристапот до интернет во домовите. Плаќаат дигитално, без потреба од подигнување на готовина иако имаат сметки во банките.
Инаку, просечната плата во Мајами, на годишно ниво, изнесува 53,662 долари или околу 50,763 евра. На месечно ниво, тоа значи заработка од 4,471 долар или 4,235 евра.