Просечната нето-плата за октомври 33.104 денари
22.12.2022
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во октомври годинава изнесува 33.104 денари и во однос на октомври лани е зголемена за 13,6 проценти
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во октомври годинава изнесува 33.104 денари и во однос на октомври лани е зголемена за 13,6 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација-19,6 проценти, Објекти за сместување и сервисни дејности со храна-19,3 проценти и Преработувачка индустрија-17,6 проценти.
Како што наведува ДЗС, зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација-6,7 проценти, Други услужни дејности-3,9 проценти и Дејности во врска со недвижен имот-3,2 проценти.
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во октомври годинава изнесува 49 585 денари.