logo

Просечната нето-плата во септември изнесувала 41.585 денари

cover image

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во септември годинава изнесувала 41.585 денари, соопшти Државниот завод за статистика.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во септември 2024 година, во однос на септември 2023 година, изнесува 109.8.
 
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности (12.6 %), Преработувачка индустрија (11.7 %) и Уметност, забава и рекреација (11.4 %).
 
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (5.8 %), Административни и помошни услужни дејности (5.0 %) и Преработувачка индустрија (2.8 %).
 

Просечната месечна исплатена бруто-плата, пак, во септември годинава, изнесувала 62.573 денари.


Споредете ја својата плата

Добијте бесплатна персонализирана споредба за вашата плата.

Споредете ја вашата плата