logo

Во кој град во светот се заработува највисока плата?

cover image

Ако размислувате за работа во странство добро е да знаете на кои места ве очекуваат највисоки плати. Доколку се одлучите за САД или Швајцарија, нема да погрешите.

Експертот за преселување и основач на платформата MyBaggage.com, Пол Стјуард, ги откри просечните плати по платен данок што вработените кои сакаат да се преселат во странство би можеле да очекуваат да ги заработат во поголемите градови ширум светот.

Според објавените податоци, Женева се наоѓа на врвот на листата со просечна месечна плата од 4.700 евра, а веднаш под неа се наоѓаат американските градови Њујорк со просечна плата од 4.450 евра и Лос Анџелес со 3.830 евра.

Сиднеј се наоѓа на четвртото место со просечна плата од 2.930 евра, а потоа следат Сингапур (2.910 евра), Осло (2.890 евра), Рејкјавик (2.820 евра), Копенхаген (2.700 евра), Доха (2.680 евра) и Лондон (2.655 евра).

Берлин, Брисел, Парис и Рим не се ни во топ 10

Најголемите европски метрополи како Берлин, Брисел, Парис и Рим се наоѓаат во средишниот дел на ранг листата со 41 земја која ја подготви платформата MyBaggage.com.

На 20-тото место се наоѓа германската престолнина Берлин со просечна месечна плата од 2.200 евра. Едно место подолу е Брисел со просечна плата од 2.198 евра, а Парис (2.150 евра) и Рим (1.410 евра) се наоѓаат на 22-рото, односно 25-тото место.

Од регионот, рангирани се само главните градови на Грција и Кипар. Ларнака се наоѓа на 32-рата позиција со просечна плата од 888 евра, а две места подолу е Атина со просечна заработка од 765 евра.


Сакате да ја дознаете вистинската плата за вашето работно место во Македонија?

Споредете ја вашата плата сега!




Споредете ја својата плата

Добијте бесплатна персонализирана споредба за вашата плата.

Споредете ја вашата плата